петок, 1 мај 2026

Азески: Заев, Рама и Вучиќ покажаа политичко лидерство, да го отвориме Балканот и да се обединиме како бизнис

Објавено на

часот

Сподели

„Она што се подразбира по западните критериуми дека се бара политичко лидерство од претседателите, тоа денеска можевме да го видиме на дело и од Заев и од Рама и од Вучиќ зашто, една иницијатива за која уште нема комплетна поддршка, политичките раководства да ја објаснат, смело да тргнат напред и да го поведат народот кон таа цел, е само политичко лидерство кое го подразбира Запад и кон кое треба да одиме“, истакна Азески.

Претходно, преку видео обраќање снимено за оваа прилика, тој испрати две пораки.

„Првата од нив е, денеска конечно да се договориме да исчезнат долгите редици камиони од нашите граници,  а втората – она што досега не карактеризираше: затвореноста, сивата економија и евтината работна сила да останат за нас. За тоа е потребно да направиме договор  за две работи: да го отвориме Балканот и да се обединиме како бизнис“, потенцира Азески.

Неговата колешка, Инес Мукостепа, претседател на Унијата на трговско-индустриски комори на Албанија, кусо резимираше дека Западен Балкан е регион на договори, можности и способни и вредни луѓе.

„Тоа е доволно да ги зачуваме нашите односи, да научиме како да споделуваме и да си помагаме. Бизнис заедницата е пред битен момент да го заземе вистинскиот правец. Очекувам поддршка од политичките лидери, верувам дека тие ќе ги следат нашите чекори. Се надевам на доверба и соработка без бариери“, рече Мукостепа.

Во воведните обраќања, Заев, Вучиќ и Рама најавија нова ера на соработка во регионот – автентична, самостојна иницијатива на Северна Македонија, Србија и Албанија во која се добредојдени и повикани и останатите земји од Западен Балкан и пошироко. Политичките лидери рекоа дека ги слушнале барањата на бизнис заедницата и дека прават максимални напори за нивна реализација. Тројцата испратија пораката за обединување на економиите во регионот, олеснување на протокот, елиминирање на бариерите и создавање заеднички пазар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ