среда, 6 мај 2026

Арсовски: Оставка веднаш за Заев, а одговорност потоа

Објавено на

часот

Сподели

„Ваков образ ѓон, вакво несериозно дилетантско однесување, ваква пазарџиско – мафијашка политика, ваква мизерна и ништожна појава како Зоран Заев одамна не е видена, ниту пак ќе биде видена во иднина. Ваков лажго, измамник и манипулатор на сопствениот народ и сопствената држава, верувајте граѓани еднаш се раѓа.

Ајде сега уште еднаш да ги видиме причините зошто Зоран Заев треба да исчезне од политичката сцена. Тој е најголем срам за граѓаните и за Република Македонија.

Тој вети дека ќе си оди од политиката ако ги изгуби изборите, а ги изгуби со 100.000 разлика и повторно не си даде оставка. Образ ѓон.

Киднапираше пратеник за да не гласа против неговата Влада како во најмафијашките филмови и молчи 4 дена како да тоа е најнормално. Срам нула.

Им изгореа нему и на Венко Филипче 14 граѓани на Република Македонија во тетовската модуларна болница, се ветија оставки, се вети истрага, ниту има истрага, ниту се поднесоа оставки, ниту пак некој сноси одговорност и одговараше. Одговорност нула како и се останато.

Проневерија милијарди евра во тендери, поднесени стотина кривични пријави од најразлични граѓани, политички партии, невладини институции до нивните директори и функционери од СДСМ кои што ја водат Владата и сите стојат по фиоки во обвинителството заради спрегата меѓу Заев и правосудството. Одговорност нула.

Шверцуваат дрога кај стигнат луѓе од МВР блиски до Оливер Спасовски и до Зоран Заев, вмешани плус луѓе од семејството на Зоран Заев кои беа осомничени, и повторно одговорност нула.

Крадат преку МВР, крадат преку образование, крадат преку институциите, крадат преку Министерство за здравство, крадат од кај стигнат. Единствено што страдаат се граѓаните, а СДСМ се богати на нивниот грб.

Затоа, измамникот, лажгото и премиерот во заминување Зоран Заев, треба што побрзо да даде оставка и да ја ослободи државата, да ги спаси граѓаните и да ја спаси Република Македонија од пропаст. Оставка веднаш!  А, одговорност веднаш потоа“, рече Арсовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ