петок, 1 мај 2026

Апасиев до Мицкоски: „Види друже, скроз си ја згрешил сликата за Левица, не сме дечишта“

Објавено на

часот

Сподели

Во објавата на Фејсбук Апасиев напиша:

„Мицковски на телевизија: „Подаваме рака на Левица да се обедини опозицијата”!?
Мицковски во реалноста:
– двегодишна забрана на ТВ Алфа да кани гости од Левица;
– Курир, Република, Нетпрес и остали вмроидни куртон-медиуми со месеци наназад водат валкана кампања против Апасиев („пудлицата на Заев”) и Левица, по директива на Белата палата;
– договара легализација на дивоградби со Заев у четири очи, во корист на урбаната мафија;
– аминува фингиран Попис, за вештачки демографски етно-инженеринг на Македонија;
– ќути на двојазично Собрание (и остава двајца пратеници да ја бијат битката со Џафери и ДУИ);
– прифаќа етницитет во лични карти, ко да сме Руанда;
– прави кворум на Закон за државјанства, за косоваризација на МК (со цел да им се додвори на наци-фашистите од Алијанса);
– малициозно спрема покварени измени во Изборен законик, со снајперски оган насочен директно против Левица (фб-рекламирање)…
И, кога после се, идат анкетите пред локални – гледа дека без Левица нема победа!? И ај си вика, ова дечиштава, ќе им фрлам коска, ќе ги омекнам!?
Види вака друже.
Скроз си ја зрешил сликата за нас.
Политичкото рацио на Левица не е да донесе некого на власт!
Политичкото рацио на Левица е да стане власт“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ