петок, 1 мај 2026

Ана Петровска преку Зелен хуман град ќе ја бие градоначалничката битка за Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Петровска во изминатите години веќе имала соработка како со активистичката организација „Зелен хуман град“, така и со други организации кои се грижат за животната средина и смета дека е можно со главниот град да се управува подобро, со заеднички напори и реализација на идеите и плановите за почисто и похумано  Скопје.

Петровска смета дека преку функцијата градоначланик на Скопје и со поддршка во Советот, ќе може да се придонесе за намалување на загаденоста во Скопје, како и за справување со големиот проблем – депониите, меѓу кои главниот проблем е „Вардариште“, која треба конечно да се затвори.

Истакнатите активисти Драгана Велкова и Горјан Јовановски ќе ја предводат кандидатската советничка листа, а веќе се започнати активностите за собирање на неопходните потписи од граѓани за да може да се учествува на локалните избори.

Петровска од функцијата директорка на Државниот инспекторат за животна средина беше разрешена од страна на Владата, со образложение дека таа позиција во државниот апарат припаѓа на владиниот коалициски партнер ДОМ. Петровска тогаш изјави дека владиното разрешување било по барање на претседателката на ДОМ Maja Moрачанин поради внатрешно партиски судир, по кој таа била разрешена од своите партиски функции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ