„Во овој случај со новите лични карти, Уставот не дава правна основа за подзаконски акт. Образецот донесен во вид на подзаконски акт за издавање на овие лични карти е донесен врз основа на Законот за јазици. Правната основа е изнајдена и креативноста на службите во МВР дојде до израз“, вели професорката.
Таа тврди дека легитимно е да важи во делот на тоа дека треба да се испише новото уставно име на личните документи, но не може со подзаконскиот акт да се признае барањето на коалицискиот партнер „Беса“ за етничка графа што е предвидена со одложено дејство од следната година.
„Подзаконскиот акт ќе важи но не е уставен. Блокирањето на законот од „Левица“ со амандмани, не е заради уставното име, туку таа го блокира законот за лични карти заради амандманот на Беса. Тоа е неуставно, недозволиво, спротивно од Европската конвенција за човекови права. Со одредба од Законот за јазици од 2019 година овој закон се става над сите други закони и таа одредба не е уставна. Минисетрот донел подзаконски акт, но тој акт е донесен според одредба која не е уставна, ама тоа досега никој не го покренал пред Уставен суд“, рече Павловска-Данева, професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и поранешен пратеник од СДСМ.






