четврток, 7 мај 2026

Aлтернатива до Алијанса: Заедно поминавме два изборни циклуса, нашиот договор е потрошен

Објавено на

часот

Сподели

Во реакцијата се наведува дека во контекстот на дискусиите во јавноста поврзани со позицијата на Алтернатива, од партијата порачуваат дека Алтернатива е актер на политичката сцена и дека така продолжува да дејствува.

„Бидејќи веќе поминавме два изборни циклуси во коалиција со Алијансата за Албанците, нашиот договор за соработка всушност е потрошен. Сепак, останува отворена можноста оваа соработка да продолжи и на следните избори кога и да се одржат“, велат од Алтернатива.

Во соопштението се додава дека Алтернатива не ја доживува Алијанса за Албанците како спротивставена страна, но дека „за нас не е добар начин на комуникација да пресметуваме кој со кого и колку пати се сретнал, бидејќи така ќе станеме непотребни должници“.

Алтернатива порачува дека сака да остави простор за комуникација и соработка со Алијанса за Албанците, чии членови ги смета за пријатели и соработници.

Инаку, во вчерашното соопштение Алијанса за Албанците побара од Алтернтива да одговори дали е валиден или не договорот потпишан меѓу двете партии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ