четврток, 30 април 2026

Алијанса за Албанците критикува: Прославата на Охридскиот договор од 500 илјади евра е предизборна забава на власта

Објавено на

часот

Сподели

„Тие коишто ја имаа најголемата обврска да го имплементираат договорот во овие две децении, денес организираат скапи прослави и забави за да го покријат нивниот дводецениски неуспех. По 20 години, Охридскиот договор продолжува да биде тема на дискусија и ниту еден од столбовите на овој договор не е заокружен. Сѐ уште не се исполнети обврските од договорот, како што се: правична застапеност, социјална и економска еднаквост, уставна еднаквост на граѓаните во земјата, квалитетно образование, рисоцијализација на учесниците во конфликтот, реална децентрализација, нефункционалност на бадентеровиот систем, меѓуетничките односи и европската интеграција. За да биде иронијата уште поголема, денес се трошат 500 илјади евра за организирање на една прослава, предизборна забава на партиите на власт, додека, тие што беа најзаслужни, семејствата на загинатите борци и учесниците во војната во 2001 година, се борат за опстанок, со неизлечени рани, а многу од нив заминаа надвор од државата“, велат од Алијанса за Албанците.

Од партијата обвинуваат дека за војната и за Охридскиот договор говорат некои луѓе, како Артан Груби којшто, според Алијанса, нема ниту најмал придонес за овој процес, туку постојано профитира, газејќи по придонесот на сите други актери кои на различни начини инвестираа и се жртвуваа.

„Го повикуваме него и ДУИ да не манипулираат со крвта и жртвувањето на војниците и сите останати што дадоа придонес. Да, придобивките од Охридскиот договор се поголеми од петстотините илјади евра што се трошат за вашата партиска забава, но, јавно ве прашуваме, кои се придобивките од оваа забава? Немојте да манипулирате, парите не се трошат за Охридскиот договор, туку за прослави и за предизборна кампања злоупотребувајќи го овој документ“, додаваат од Алијанса за Албанците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ