четврток, 30 април 2026

Ахмети: Охридскиот договор е функционален и треба да се надоградува

Објавено на

часот

Сподели

Албанците не бараа класична автономија или федерализација на земјата, не бараа ниту војна, како што тогаш многумина веруваа, туку национални права, еднаквост на народот во Уставот, право и на студирање на мајчин јазик, употреба на националните симболи. Не бараа барут, туку книги и образование на својот јазик, ги бараа своите права, бараа демократизација на државата и соживот, изјави лидерот на ДУИ и водач на некогашната ОНА, Али Ахмети.

Тој рече дека претходно, стотици Албанци, во државата за која се верувало дека е оаза на мирот, биле изложени на притисоци, биле затворани, а се пролеала и крв заради барањето за образование. Имаше тортурата од страна на сите државни институции, а во нив, маргинализација на Албанците, како што рече, состојба наследена од претходниот комунистички систем, но и уназадена во првите години на плурализмот.

Како што нагласи, поради нееднаквата институционална позиција на Албанците, во пораст биле радикални движења меѓу нив, дел и со лоша идеологија. Но, студентското движење беше прогресивно, започна да дејствува уште во осумдесетите години, порача Ахмети и рече дека и тој самиот бил дел од тоа движење.

Ахмети рече дека НАТО, ЕУ и САД ја разбраа состојбата во земјава и оценија дека е потребно да се преземат активности, да започнат преговори, за да не се повтори трагедијата од Босна и Херцеговина и од Косово.

„Така се дојде до Охридскиот договор. Тоа беше многу тешка позиција, требаше да се усогласи со нашите барања и позициите на државниот врв и на политичките структури. Да се направат компромиси. Се подготвуваа нацрт верзии на договорот. Конечно, се потпиша Охридскиот договор, со авторитетот на преговарачите од Македонија и меѓународниот фактор“, рече Ахмети.

Тој потсети дека во почетната фаза од преговорите, требало лично да понуди пред домашните и странски експерти своја платформа за решавање на ситуацијата. Почетните текстови изработени и со поддршка од правници не биле соодветни.

„Тогаш, преку неколку пријатели стапивме во контакт со експерти од правната сфера, меѓу нив и со Пол Вилијамс на кого сум му многу благодарен и со кого имав долги разговори и повеќе средби. Од тоа произлезе добар предлог, кој го прифатив и потпишав дека сум согласен. Целосно го прифатив мировниот договор во Охрид, за што сведоци се претставниците на НАТО и ЕУ, рече Ахмети.

Според него, најтрагично ќе беше и за Албанците и за Македонците да се прифатеше идејата за поделба на државата.

„Благодарение на НАТО, Вашингот и Брисел се најде сила и поддршка против ваквата опција која ќе внесеше тешки последици за нашите граѓани“, потенцира тогашниот водач на ОНА Ахмети.

Тој нагласи дека Охридскиот договор е еден функционален договор, договор кој се покажа како успешен и чија примена треба да се одржува во живот и да се надградува и оцени дека како резултат на тогашната подготвеност за дијалог и носење добри решенија, „земјава потоа успеа да постигне уште еден многу важен договор – Преспанскиот, дека стана членка на НАТО, чука на портите на ЕУ и се движи во добар правец“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ