„Овој прес е свикан во име на 17 општински организации на ДОМ од Битола, Велес, Лозово, Кисела Вода, Гази Баба, Куманово, Прилеп, Охрид, Тетово, Гостивар, Делчево, Берово, Радовиш, Аеродром, Центар, Пробиштип, Куманово… Ќе говорат Ристенка Алтипармаковска, советник во општината Битола и претседател на организацијата на ДОМ во овој град, како и потпретседателот Мирослав Богдановск, доскорешен пратеник на ДОМ“, се вели во поканата до медиумите.
Инаку, неделава од функцијата директор на Државниот инспекторат за животна средина Владата ја разреши Ана Петровска, на барање на претседателката на ДОМ, иако јавноста и невладините организации за заштита на жиквотната средина позитивно ја вреднуваа нејзината работа. Владата образложи дека директораксата позиција и припаѓа на ДОМ, согласно коалицискиот договор, но не изнесе негативни критики за работата на Петровска.
Петровска и Мирослав Богдановски пред летото дојдоа во судир со политиката на Морачанин, по што тие беа разрешени од партиските функции. Бодановски пак, потоа поднесе и оставка на пратеничката функција и се врати на старото работно место – главен инспектор во Град Скопје.






