петок, 1 мај 2026

15 ДКП ќе добијат базни станици за да можат иселениците брзо да добијат пасош

Објавено на

часот

Сподели

На настанот промотори беа министрите за надворешни и за внатрешни работи Бујар Османи и Оливер Спасовски, а за Османи новиот начин на издавањае на пасошите ќе претгставува „револуција во услугите“.

„Граѓаните од дијаспората нема да мораат да доаѓаат во земјава еднаш во годината туку постојано, секој работен ден за тоа ќе можат да одат во ДКП-ата, а пасошите наместо за неколку месеци ќе ги добиваат за неколку недели“, рече Османи и информира дека првата екипа од МНР вчера тргнала за Германија, а дека вакви базни станици веќе се инсталираат во Минхен, Бон и Берлин, а потоа и во Брисел.

Потоа ќе се оди во Берн, Виена и Венеција, а нови екипи ќе патуваат во Лондон, Стокхолм, во Њујорк и Чикаго, продолжувајќи во Торонто во Канада. Последниот, петти тим ќе биде упатен во Австралија каде ќе биде инсталирана една мобилна станица во Мелбурн.

Министерот за внатрешни работи Спасовски, истакна дека за прв пат се овозможува луѓето кои живеат и во државата и во дијаспората да имаат еднакви услови во издавањето на личните документи.

„И пандемијата  покажа колку е важно и потребно да имаме ваков систем, бидејќи рестриктивните мерки кои се воведуваат секаде во државите низ светот, со цел да се спречи ширењето на заразата, во најголема мера влијаеја и во остравувањдто на ова право. Тоа беше и причината зошто го продолжвме рокот на патните исправи до 31 декември 2021 година, затоа што заради тие рестрикции не беа во можност службите да заминат, да ги однесат базните станици и да се направи производство на патните исправи“, рече Спасовски.

Во однос на опфатот на граѓаните со овие базни станици тој рече дека им помогнале податоците од досегашниот тек на Пописот на населението во дијаспората.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ