понеделник, 11 мај 2026

Почнува судењето против 13 полицајци обвинети за непостапување пред пожарот во Пулс

Во Основниот кривичен суд денеска почнува судскиот процес против 13 полициски службеници и началници од ОВР Кочани и СВР Штип, кои се товарат за загрозување на општата безбедност и сигурност во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“.

Објавено на

часот

Сподели

Според наводите во предметот, на 16 март обвинетите биле дежурни, но истовремено биле и ангажирани во дискотеката. На критичната ноќ кога избувнал пожарот, полициските службеници ниту ја прекинале забавата, ниту спречиле активирање на пиротехниката.

Обвинението во судската постапка го застапува обвинителката Спасенка Андонова, од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ