петок, 14 ноември 2025

Општина Аеродром ќе го собере ѓубрето од Долно Лисиче до Мичурин

Општина Аеродром ќе ги чисти ѓубрето кое „Комунална хигиена“ го остави несобрано повеќе од еден месец. Градоначалникот Дејан Митревски вели дека иако е надвор од нивните надлежности, се чисти од Долно Лисиче до Мичурин.

Објавено на

часот

Сподели

„Надвор од нашите надлежности, се организиравме да го исчистиме Аеродром. Чистиме насекаде, од Долно Лисче до Мичурин. Благодарност до општините: Илинден, Зелениково, Сопиште како и до многуте општествено-одговорни компании кои помагаат во целиот процес. Ќе издржиме уште 10 дена – Аеродром ќе го исчистиме“, изјави денеска Дејан Митески, актуелен в.д градоначалник на Општина Аеродром и кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ кој влезе во вториот круг на локалните избори.

Општина Аеродром сама го чисти сметот од контејнерите, иако како што нагласува тој во изјавата за медиумите ЈП „Комунална Хигиена“ Скопје под раководство на Данела Арсовска е надлежна за собирање на смет, празнење на контејнерите и чистење на општините на територијата на Град Скопје и за тоа се платени од граѓаните.

„Во изминатиот период или повеќе од 10 дена не се празнат контејнерите на територијата на општина Аеродром и не се подигнува отпадот од домаќинствата во Лисиче. Ние како општина поднесовме кривична пријава до Основното Јавно Обвинителство – Скопје, како и до Министерството за внатрешни работи. Одговорноста има име и презиме и таа мора да се детектира. Од страна на комунални инспектори на општината ги казнивме два пати по 80.000 евра, но попусто, кај нив не владее здравиот разум“, рече Митески.

ЈП „Комунална Хигиена“ Скопје неколку денови не го собира сметот од скопските контејнери, па дел од општините во Скопје се самоорганизираат за собирање на ѓубрето, а постапка покрена и Јавното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ