среда, 13 мај 2026

Обвинителството бара притвор за осомничен за полови дејствија врз малолетнички во Штип

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека подолг период вршел други полови дејствија врз три девојчиња кои не наполните 15 години, со што се исполнети елементи на кривичното дело полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, соопштија од Јавното обвинителство.

Објавено на

часот

Сподели

„Последователно, од септември 2023 година до 11 мај 2026 година, осомничениот користел прилика во која на девојчињата на возраст од 13, 11 и 10 години им држел дополнителни часови во образовен центар и им се приближувал и ги допирал по телото. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот“, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ