сабота, 9 мај 2026

Во болниците има 90 ковид-пациенти, во Скопје примен само еден нов

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците од Министерството за здравство, во Скопје е примен еден пациент, а 9 во другите градови. Дома се пуштени 22 оздравени пациенти.

Во ГОБ 8 Септември сега има вкупно 9 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 17 пациенти.

Вкупно 64 пациенти се хоспитализирани во ковид-центрите во болниците во Битола, Штип, Тетово, Велес, Куманово, Охрид, Прилеп, Гостивар, Струга, Струмица и Кичево.

Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ