петок, 15 мај 2026

Вчера се вакцинирале речиси 13 илјади граѓани

Објавено на

часот

Сподели

Заклучно со вчерашниот ден на вакциналните пунктови во државата вакцинирани се вкупно 321.815 граѓани. Со последните бројки, пак, 52% од населението над 70 години примиле барем една доза вакцина, 49% од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина и 43% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.  

Инаку, досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 469.212 граѓани, а вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ