„На изложбата се застапени професори од уметничкото училиште со свои слики, графики и скулптури, а покана за да ја отвори изложбата и да му додели свидетелство на в.д. директорот ѝ е упатена на министерката Мила Царовска“, објавија професорите кои велат дека изложбата е „протест против незаконското поставување на в.д. директорот Филип Фидановски со барање за негово разрешување“.
Мнозинството професори, како што информира „Професорскиот президиум“, досега два пати организираа протест пред Министерството за обрзаование и наука, како и „серија на претставки за криминалното и нечовечно раководење на Фидановски со училиштето и негово скрвнарење од успешно училиште во деструктивна институција“.









