„Станува збор за класична вакцина каде е инјектиран ослабен вирус односно технологија за добивање вакцини која се користи децении и е многу позната, па оттука и разбирливо е што широката популација ја доживува како една од најбезбедните платформи за производство на вакцини. Во однос на возраста на којашто се дава, вакцината „Синовак” нема ограничување во Кина и се аплицира и кај деца над тригодишна возраст. Оваа вакцина кај нас ќе се користи над 18 години и без ограничување на возраста кај возрасните лица. Вакцината „Синовак” се препорачува и за доилки и трудници“, информираат од МЗ.
Почна вакцинацијата со „Синовак“, може да се вакцинираат и трудници и доилки

ТОП ВЕСТИ





