Како што соопшти Министерството, бројката на ревакцинирани достигна 212.201 граѓанин.
Со последните бројки, барем една доза вакцина примиле 51 отсто од населението над 70 години, 45 проценти од граѓаните над 65 години и 38 отсто од граѓаните над 60 години.
Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација и досега на веб платформата vakcinacija.mk се пријавиле 460.702 граѓани. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.






