петок, 15 мај 2026

Децата може да се вратат во училиштата од септември, најавува Филипче

Објавено на

часот

Сподели

„Протоколите за учебната година се речиси готови. Има уште некои технички детали, на кои работи работната група, во која членуваат претставници од МОН и епидемиолози од Комисијата за заразни болести. Планирано е да присуствуваат сите деца, 100 проценти од вкупниот број во класовите. Така се подготвуваат и протоколите. Мерките се: дезинфекција, често проветрување на училниците, немешање на различни класови. Протоколите ќе бидат целосно завршени за две недели“, изјави Филипче.

Тој соопшти дека со пристигнувањето на големата количина вакцини викендов, се планира имунизација и на сите наставници.

Министерот Филипче вели дека одлуката на Бирото за развој на образованието да не се делат сега свидетелства на учениците оти нема услови, не е донесена во координација со министерството.

„Свидетелствата можат да се делат во дворовите. Се што може да се организира во надворешни услови, може да се направи“, смета Филипче.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ