Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд.
Утре времето ќе биде променливо облачно, во утринските часови со слаб локален дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Дневните температури ќе се движат од 4 до 12 Целзиусови степени.