Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Според најавите од Упратата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од утре до крајот на неделава ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во опаѓање, а утринската наместа ќе се спушти и под нула. Од понеделник следува стабилизирање на времето и пораст на дневната температура.






