четврток, 26 март 2026

Нов ехо-апарат за брза и прецизна дијагностика за Специјалната болница за гинекологија „Мајка Тереза“-Чаир

Специјалната болница за гинекологија „Мајка Треза“ Чаир доби нов ЕХО – апарат, со што значително се подобрува дијагностиката кај бремени жени и пациентки со гинеколошки проблеми, соопштуваат од Министерството за здравство.

Објавено на

часот

Сподели

Оттаму пренесуваат дека министерот за здравство, Азир Алиу, при посетата на болницата, истакнал дека со новата апаратура се зајакнува грижата за здравјето на жените, токму таму каде што е најпотребно.

„Со новата апаратура ја зајакнуваме грижата за здравјето на жените, токму таму каде што е најпотребно. Овој значаен чекор е овозможен со поддршка од АД МЕПСО, која обезбеди над 2,7 милиони денари, и со сопствени средства од 800 илјади денари на Специјалната болница за гинекологија „Мајка Треза“-Чаир. Голема благодарност до МЕПСО како општествено одговорна компанија, и до директорот Бурим Љатифи, со кој денес заедно ја посетивме болницата. Зад секој апарат стои грижата за секоја жена, за секоја бремена мајка, за секој нов живот“, кажа министерот Алиу во рамки на посетата на оваа здравствена установа.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ