сабота, 21 јуни 2025

Николоски: Договорот со Велика Британија е уникатно партнерство, со голема политичка додадена вредност за Македонија

Додадената вредност на двата договори со Обединетото Кралство е политичка. Тоа е силен политички сигнал, затоа што финансирање проекти може да се најде и од други извори, но, вакво ниво на политички односи тешко се стекнува на друго место, вели вицепремиерот Александар Николоски.

Објавено на

часот

Сподели

Според него, договорот со Обединетото Кралство има структурна компонента, има и подршка во реформи, подршка на здравството, образованието, финансиска компонента, но на прво место е политичката компонента.

„Имаме држава за партнер од која Македoнија може само многу да добие. Ние со децении зборуваме дека на Македонија ѝ е потребна голема држава како покровител. За жал претходните влади не направија ништо за таква држава да застане зад нас, а еве ние успеавме втората најмоќна сила да застане зад нас и затоа велам дека договорот е историски и 22 мај ќе остане запаметен во македонската историја и долго ќе се зборува за тој датум, како датум во којшто Македонија оствари партнерство со Велика Британија и тоа партнерство е уникатно, имајќи предвид дека никој друг во регионот  нема потпишано таков договор и тој носи голема, голема додадена вредност во себе“, потенцира вицепремиерот Николоски во емисијата „Вечерно шоу со Богдан Илиевски”.

Целиот процес, нагласува министерот Николовски, е транспаретен.

„Критиката од опозицијата е добра, бидејќи ние решивме целиот процес да го водиме транспарентно, за разлика од претходните времиња и претходните влади. Видовте дека ние целиот договор го доставивме  во Собрание. Не рековме дека е таен, или дека е државна тајна. Гледате дека за секој чекор ја информираме јавноста и мислам дека тоа што опозицијата критикува им се враќа како бумеранг, затоа што имаме целосни информации за јавноста за тоа што се случува“, вели Николовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ