Според претставникот на комисијата за исполнетост на условите и критериумите, Џенета Бектовиќ на конкурсот објавен од 6 јуни во определниот рок нема доставени пријави за трите раководни позиции.
„Извештајот е доставен до Судскиот совет за натамошно постапување со предлог повторно да објави оглас за избор на претседател на Основен суд Берово, избор на претседател на Основен суд Делчево и избор на претседател на Основен суд Радовиш“, рече Бектовиќ на денешната седница на Судскиот совет.
Конкурсот за избор на први луѓе во овие судови во источниот дел на земјава се распишува по трет пат.