Во рамки на посетата, министерот Муцунски, заедно со директорот на Технолошко-индустриските зони, Гоце Димовски, и националниот координатор за туризам, Акан Махмуд, учествувал на тркалезна маса организирана од Меѓународниот финансиски центар Астана. Покрај тоа, се сретна и со министерот за трговија и интеграција на Казахстан, Арман Шакалиев.
„Во контекст на заложбите на Владата за привлекување странски инвестиции, на средбите беше презентирана стабилната инвестициска клима и конкурентните услови што ги нуди државата – особено во индустрискиот и технолошкиот сектор, како и можностите за соработка во областа на туризмот“, информираат од МНРиНТ.
Двете страни се согласиле за потребата од натамошно зајакнување на економската соработка, при што била иницирана и идејата за организирање бизнис-форум во Скопје, како конкретен чекор во таа насока.