сабота, 21 јуни 2025

Mуцунски утре во работна посета на Франција

Натамошното унапредување на билатералните односи, реафирмирањето на француската поддршка за евроинтегративниот процес на Македонија, како и размена на мислења за актуелни регионални, европски и глобални прашања се темите на разговорите на министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија Тимчо Муцунски, со неговиот домаќин, министерот за Европа и надворешни работи на Француската Република, Жан-Ноел Баро. За време на работната посета Муцунски ќе се сретне и со Бенџамин Хадад, министер делегиран за Европа.

Објавено на

часот

Сподели

Во рамки на посетата Муцунски ќе оствари и средба со Бертран Бишвалтер, советник за континентална Европа и Турција на претседателот на Франција Емануел Макрон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ