сабота, 21 јуни 2025

Митева: Кабинетот на премиерот Мицкоски постојано комуницира со семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

Портпаролката на Владата, Марија Митева, денеска во рамки на трибината „Кочани е нашиот приоритет“, посочи дека лица од Кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски се во континуирана комуникација со семејствата на оние кои загубија најблиски во трагедијата во Кочани

Објавено на

часот

Сподели

Прашана дали има најава кога премиерот ќе оди во Кочани, Митева, рече дека од тоа што го знае тој веќе имал средба со дел на семејствата и има некоја договорена динамика за средби.

„Верувам и дека при интерес за средба таму, се надевам дека ќе бидеме и достапни и ќе биде информирана јавноста веднаш кога тоа ќе се случи. Меѓутоа мора да потенцирам дека има динамика на средби со семејствата, која се остварува, но поради нивно барање тоа не е јавно објавено“, изјави Митева.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ