„Бележиме и раст на македонскиот извоз во првите пет месеци од 2025 година. Во периодот јануари-мај македонскиот извоз порасна за 3,15% во евра, споредено со увозот за истиот период кој порасна за 1%.
Поголем извоз, повеќе пари за македонските граѓани. После месеци и години пад, конечно раст за македонската економија. Расте туризмот, расте БДП, расте индустриското производство, растат инвестициите, расте извозот…, богата Македонија е силна Македонија! Оваа година ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија!“, напиша Мицкоски