Тој информира за обиколницата околу парк шумата Гази Баба, нова сообраќајница што ќе ги поврзе директно населбите на Гази Баба со другите делови на градот. Овој проект ќе ја намали оптовареноста на булеварот „Цветан Димов“, ќе го олесни сообраќајот за илјадници граѓани и ќе ја зголеми ефикасноста на градското движење.
„Ги прошируваме двете главни артерии на Чаир, булеварот „Цветан Димов“ и булеварот „Митхат Фрашери“. Проширувањето вклучува нови коловози, широки тротоари, модерно осветлување, велосипедски патеки и нов систем за канализација и водовод. Во рамките на овој развој, интервенции правиме и на локалните поврзувачки и секундарни улици во секоја населба, со цел комплетна реконструкција на секоја од нив. Во центарот на градот се реализира третата фаза на плоштадот Скендербег, кој ќе се претвори во симбол на модернизмот. Подземниот паркинг со 800 паркинг места веќе станува реалност. Овој проект ќе го реши проблемот со сообраќајот, ќе ги ослободи јавните простории и ќе го претвори плоштадот во место за средби, култура и градска живост“, изјави Меџити.
Тој најави изградба на нови резиденцијални паркинзи во секоја зона на Чаир, за секое семејство да има сопствен простор и улиците да не бидат преоптоварени. Еден од главните проекти, како што рече, ќе биде поставување лифтови во околу 80 постојни станбени згради за значително подобрување на квалитетот на животот на жителите. Соопшти дека мегапаркот Чаир ќе биде најголемиот проект за зеленило и рекреација во историјата на општината. Ќе има водени површини, патеки за прошетка, спортски зони, детски катчиња и простории за концерти и настани. Паралелно со мегапаркот, го реновираат и паркот на Чаир и инсталираат подземни контејнери во секоја населба.






