вторник, 14 април 2026

Маѓар вети добри односи со Македонија, а за Груевски рече дека нема да остане уште долго во Будимпешта

Победникот на изборите во Унгарија Петар Маѓар изјави дека како премиер планира да има добри односи со Македонија и со другите држави кои и досега имаа стратешко пријателство со Унгарија. Но, тој додаде дека Унгарија нема да биде депонија за странски криминалци, и се однесува и на господинот Никола Груевски.

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа што Владата на Виктор Орбан имала, на пример, блиски односи со некоја балканска држава, не значи дека под Владата на Тиса тие односи ќе се нарушат. Можам да кажам дека ако односите со некоја земја биле лоши, тие сега ќе се подобрат. Мислам дека е во интерес на сите да работиме заедно во наш заеднички интерес, за економски проспертитет и развој. Повторувам, нема да се мешаме во внатрешните работи на други држави и нема да влијаеме врз вашите избори, дали во Северна Македонија или на други места“, изјави Маѓар на вчерашната конференција за медиуми одговарајќи на прашање на грузиски новинари за односите на нивните две земји.

Одговарајќи на новинарски прашања, победникот на изборите кој се очекува да биде нов премиер на Унгарија, Петер Маѓар, во врска со двајца поранешни полски функционери, се осврна и на поранешниот македонски премиер, Никола Груевски.

„Мислам дека бев многу јасен по тоа прашање кога говорев претходно. Реков дека не треба да купуваат мебел во Унгарија од ИКЕА, бидејќи нема да останат долго. Унгарија нема да биде депонија за странски криминалци. И тоа не се однесува само на нив, туку и на господинот Никола Груевски, поранешен претседател на Владата на Северна Македонија, кој, исто така, е престапник. Ова не е само затоа што е фер и праведно, туку очекуваме и од другите европски земји доколку кај нив има унгарски криминалци да ги екстрадираат во земјава, а во духот на европската соработка. Во таа насока им порачувам на господата Жибро и Романовски доколку нема што да кријат, тогаш треба да си одат дома и да се соочат со правдата. Доколку сè уште не си заминале ние ќе ги екстрадираме во Полска“, рече Маѓар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ