Дополнително било посочено дека во селото живеат неколку повозрасни лица поради што веднаш била побарана итна интервенција.
Како што наведува ЦУК, по интервенцијата на ТППЕ Старо Нагоричане пожарот за неполн час бил локализиран.
„ЦУК веднаш ги извести надлежните служби: Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Национални шуми – Подружница Куманово. Благодарение на брзата и координирана интервенција, пожарот беше локализиран за неполн час од страна на ТППЕ Старо Нагоричане. Екипите на терен се подготвени за повлекување“, објави ЦУК на Фејсбук.
ЦУК апелира до граѓаните да бидат претпазливи при движење во природа и да не палат оган на отворено со цел спречување на вакви инциденти.