вторник, 14 април 2026

Љутков: Заштитен појас под УНЕСКО го кочи автопатското решение кон Ќафасан

Заштитен појас под УНЕСКО е една од главните пречки за реализација на автопатското решение на дел од Коридорот 8 кон Албанија, изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков, при посетата по повод почетокот на реконструкцијата на улицата „Самарџии“ и уште пет помали краци во Старата скопска чаршија. Љутков најави дека во мај се очекува посета на делегација на УНЕСКО за увид во состојбите на терен.

Објавено на

часот

Сподели

„Таму еден заштитен појас којшто е под УНЕСКО и тој коридор го опфаќа и спојувањето со Република Албанија. Разговараме за да најдеме заедничко решение. Тој е правен според НАТО стандарди и ја поврзува земјава со НАТО. Верувам дека во мај месец ќе дојдат од комисијата од УНЕСКО и од делегацијата за да можеме одблиску да им ги покажеме сите проблеми со кои се соочуваме инфраструктурно, но и сите проблеми кои се соочуваат во Охрид и Струга“, изјави Љутков.

Во однос на делницата од Требениште до Ќафасан, Љутков посочи дека не може да се реализира автопатското решение, поради, како што рече, заштитениот статус.

„Тоа е заштитен појас, штом е заштитен појас ние не можеме да продолжиме со автопатското решение“, рече Љутков.

Говорејќи за реконструкцијата во Старата скопска чаршија, министерот истакна дека инфраструктурните инвестиции се клучни за враќање на занаетчиството.

„Многу е важно да се задржи примарната дејност на Старата скопска чаршија, како главните работи како што е занаетчиството. Во последните години знам дека изумира занаетчиштвото, но со вакви инфраструктрни проекти со кои ќе се подобри целата водоводна мрежа инфраструктурна инсталација ќе се донесе дигитализација во целиот овој процес. Кога имате вие добра инфраструктура се разбира дека назад ќе се вратат занаетчиите. Но, и со програмите кои што ги имаме во Министерството за култура и туризам се надевам дека во 2026 година ќе отвориме и конкурс за поддршка на занаетчиштвото и се надевам дека се почесто ќе се враќаат назад и Старата скопска чаршија ќе си го носи својот примат повторно“, рече Љутков.

Во врска со колективниот договор за култура, информираше дека постапката е во фаза на преиспитување и дека ќе следат разговори со синдикатите.

„Прво, не е укинат колективниот договор за култура туку Уставниот суд донесе одлука за преиспитување. Уште денеска испративме порака до синдикатите и веќе утре работната група која што веќе постои од претходно ќе ја реактивираме и утре ќе имаме заеднички состанок. Не би давал одвоени мислења се додека не се сретнеме со синдикатите и да донесеме речение како ќе одиме понатаму. Средбата е планирана за утре попладне“, изјави Љутков.

На новинарско прашање за евроинтеграциите, вицепремиерот Беким Сали посочи дека институциите интензивно работат на реформската агенда.

„Работиме интензивно во делот на реформската агенда која што е во склоп на развојот на регионот. Во делот на евроинтеграциите, знаете, интензивни се состаноците и во координација сме со европската делегација во Скопје и со канцеларијата на Европската комисија во Брисел. Очекуваме извештајот којшто е од Европската комисија деновиве да пристигне за делот на Реформската агенда. За тие 16 чекори кои што ги пчекуваме како позитивен одговор и работиме во координација со сите институции вклучени во исполнување на чекорите. Работиме за исполнување на овие чекори во јуни, а извештајот го добиваме во септември“, изјави Сали.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ