„Имаме јасна цел – секој оброк што ќе го добијат децата да биде свеж, квалитетен и приготвен со љубов и внимание. Менито ќе го подготвуваат професионални нутриционисти, кои ќе внимаваат да има баланс меѓу хранливите вредности и вкусот што децата го сакаат,“ изјави Лабудовиќ.
Целта на оваа мерка е здравата исхрана да биде темел на растот и развојот на децата. „Здравата храна не е луксуз, туку право на секое дете. Затоа оваа мерка не е само оброк – тоа е инвестиција во здравјето и иднината на најмладите“, потенцираше Лабудовиќ.
Оброците ќе бидат подготвени од домашни и внимателно избрани намирници, со проверен квалитет.
„Оброкот ќе биде навистина топол – подготвен со грижа, внимание и љубов. Сакам родителите да бидат спокојни дека нивните деца секој ден во училиштето и градинката го добиваат најдоброто“, додаде тој.
„Освен здравствената компонента, мерката има и економска и општествена димензија. Со неа ќе се поддржат локалните производители и ќе се подигне свеста за важноста на правилната исхрана уште од најмала возраст. Центар мора да биде пример – општина што се грижи и што покажува дека секое дете е подеднакво важно. Здравото дете е среќно дете, а среќното дете е иднината на Центар. Верувам дека токму со вакви мерки ја градиме основата за подобро утре – за општина во која нејзините најмлади жители ќе растат здрави и радосни“, порача на крајот Мирослав Лабудовиќ.






