„Изградбата на автопатот, модернизацијата на пругата, брзата пруга на Коридорот 10, енергетското поврзување преку далноводи, како и гасното – интензивно се гради гасоводот со Грција. Почнуваме неделава со објавување на тендерот за гасоводот со Србија, веќе се добиени сите мислења за оваа цевка, а во функција е и нафтоводот од пристаништето Солун до Скопје. Кога ова ќе биде завршено, тогаш можеме да кажеме дека сме регионален хаб“, рече Мицкоски.
Тој најави дека Владата ќе продолжи да ги поддржува овие проекти и оти очекува дека многу бргу ќе може да биде пуштен преостаниот дел од автопатот Кичево со Охрид, но истовремено и гасоводот со Грција, во првата половина од следната година.
На автопатот Гостивар – Букојачни, кој е дел од пакетот патишта што ги гради „Бехтел и Енка“, се работи на 11 километри од предвидените 31.






