Конкурсот ќе трае од 1 до 30 мај 2026. Конкурсот и пријавата се достапни на веб-страницата на Министерството за култура и туризам: https://kultura.gov.mk/mk-MK/konkursi/drzavni-nagradi/drzavni-nagradi
„Државната награда им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјава. Според условите определени во конкурсот, наградата може да им се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство од јавен интерес на Република Македонија“, се наведува во соопштението на Министерството за култура и туризам.






