Според бројките од последниот попис во Македонија живеат 3.500 граѓани кои се изјасниле како Бугари.
Вчера македонското друштво „Преспа“ и здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ објавија дека за гласање на парламентарните избори во Бугарија се пријавиле 183 лица. „Во Албанија на пописот има повеќе од 7.000 ‘Бугари’, а за гласање се пријавиле само 183 лица. Вистината е поедноставна и поубедлива — поголемиот дел од тие ‘Бугари’ го зеле бугарскиот пасош само заради слободното движење во ЕУ, не заради идентитет, не заради убеденост, не заради припадност. Бројките зборуваат сами за себе. Не постои никаква голема бугарска заедница — постои само добро финансирана пропагандна машина која сака да ги фалсификува нашата историја и идентитет. Вистината е упорна. И денес — таа победи“, се констатира во објавата на македонките друштва во Албанија.
„Благо сум разочаран поради нискиот одзив на македонските Бугари, бидејќи само 250 македонски Бугари се заинтересирани да учестуваат на овие избори од оние според Радев и луѓето околу, 200 илјади. Очекував излезеноста да биде малку поголема“, рече Мицкоски.
Вчера и премиерот Христојн Мицкоски ја коментираше излезноста на изборите на Бугарите од Македонија: „Благо сум разочаран поради нискиот одзив на македонските Бугари, бидејќи само 250 македонски Бугари се заинтересирани да учестуваат на овие избори од оние според Радев и луѓето околу, 200 илјади. Очекував излезеноста да биде малку поголема“, рече Мицкоски.






