понеделник, 23 јуни 2025

Инженерите на Македонија бараат проверка на струјомерите

Здружението Инженери на Република Македонија (ИНРМ) поднесоа барање за слободен пристап до информации од Бирото за метрологија поради сомнеж дека ветениот државен еталон за проверка на електрични броила сè уште не е ставен во функција.

Објавено на

часот

Сподели

Иако министерката за енергетика пред три месеци јавно изјави дека опремата ќе биде активирана „во најкус можен рок“, нема информација дали тоа е навистина реализирано, велат инженерите во соопштението до медиумите.

„Поставивме конкретни прашања: Дали граѓаните можат да побараат проверка на своето броило? Колку поплаки за неточност се примени досега и со какви резултати? Кога последен пат е извршен надзор над работата на лабораторијата на ЕВН?

Дополнително, побаравме и можност за посета на лабораторијата на Бирото и директен увид во опремата, стандардите и методологиите што се применуваат“, бараат Инженерите на Република Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ