петок, 7 ноември 2025

Инспекторот Александар Јовановски е нов директор на Комунална хигиена – Скопје

Александар Јовановски е новиот в. д. директор на Јавното претпријатие (ЈП) Комунална хигиена – Скопје. Јовановски е вработен во Град Скопје како инспектор во секторот за инспекторат, а претходно работел и во секторот за локален економски развој. Управниот одбор на Комунална хигиена утрово побара од градоначалничката Данела Арсовска итно да назначи в. д. директор на претпријатието.

Фото: Град Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Од Град Скопје велат дека Јовановски има високо образование за менаџмент на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“, а поседува и меѓународен сертификат за институционални пристапи за заштита на животната средина.

„Јовановски има повеќегодишно искуство во приватниот сектор во трговија како раководител на организациска единица, а со работен ангажман во Здружение за заштита и унапредување на животната средина работел на реализација на еколошки и општествено одговорни проекти. Во своето образование, професионално искуство и ангажман во јавниот и приватниот сектор, Јовановски ќе придонесе во КХС Скопје за унапредување на стандардите на јавното претпријатие, модернизација на системите за управување со отпад и одржување на чиста, здрава и еколошки одговорна животна средина во Скопје“, се наведува во соопштението на Град Скопје.

Управниот одбор на Комунална хигиена утрово побара од градоначалничката Данела Арсовска итно да назначи в. д. директор на претпријатието. Велат дека во моментов се при крај резервите со нафта наменета за специјалните комунални возила кои се употребуваат за собирање и транспорт на комуналниот отпад, што не може да се набави без потпис на в. д. директор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ