понеделник, 23 јуни 2025

Информативните денови за Оперативниот план за вработување почнуваат утре во Прилеп

Министерството за економија и труд соопшти дека во наредниот период ќе организира информативни денови во поголем број општини за да ги презентира мерките од Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, како и за останатите мерки предвидени со програмите за работа на Министерството.

Објавено на

часот

Сподели

На овие средби, покрај претставници од Министерството ќе бидат присутни и претставници од локалните самоуправи, Агенцијата за вработување и Агенцијата за поддршка на претприемништвото.

На инфо-деновите се поканети стопанските комори, здруженија на занаетчии, здруженија на млади и сите граѓани кои сакаат подетално да се информираат за Оперативниот план за вработување и останатите мерки на Министерството за економија и труд.

Првиот информативен ден ќе се одржи утре во Прилеп, каде ќе присуствува заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ