понеделник, 17 ноември 2025
Локални избори 2025

Грозданов: Асоцијацијата на пластични хирурзи од САД ќе се вклучи во лекување на повредените деца од Кочани

Докторот Владко Грозданов, предложен од ВМРО – ДПМНЕ како натпартиски кандидат за градоначалник на Општина Кочани, денеска најави партнерство со Асоцијацијата на пластични хирурзи од САД за две клучни цели – обезбедување највисоко ниво на грижа за повредените во тргедијата од март годинава и поддршка во модернизацијата на болницата во Кочани, според најсовремени медицински и европски стандарди.

Објавено на

часот

Сподели

Грозданов информира дека вчера остварил контакт со тим од американски доктори, нови и негови претходни познаници. Во разговор со него, тие понудиле безрезервна подршка и помош за Кочани во неколку области.

„По одењето во САД веднаш ќе ја активираат целата Асоцијација на пластични хирурзи. Имаме договорена посета на американските доктори на болницата во Кочани, при што ќе се направат прегледи на децата, ќе се направи евалуација на досегашната состојба, мониторирање на лузните, ќе се одредат соодветни терапии и третмани“, соопшти Грозданов, додавајќи дека докторите од САД се понудиле да извршат целосен увид во структурата на кочанската болница, да ги прегледаат сите оделенија и болничката инфраструктура, снабденоста со опрема. Се понудиле и да извршат максимална стандардизација на кочанската болница по европски модус.

Грозданов кажа дека мост за целата оваа идеја би бил тој како градоначалник, но во целата работа ќе бидат вклучени и Владата, Министерството за здравство и Фондот за здравство. Секако и Лекарската комора на Македонија за издавање лиценци за докторите кои ќе ги прегледуваат повредените деца.

Кандидатот за градоначалник на Општина Кочани, Владко Грозданов истакна дека станува збор за истите луѓе што пред шест години донираа огромни пратки на хируршки конци за хируршките сали во Кочани, витамини за трудници и невропсихијатриски и антибиотски терапии.

На крајот, докторот Влатко Грозданов ги повика кочанчани на 19 октомври да излезат на локалните избори и да го искористат граѓанското право да гласат, секој според своите убедувања.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ