Со оваа одлука, Flex Pay овозможува модерна алтернатива на традиционалните платежни сервиси преку брзи, сигурни и целосно дигитализирани платежни решенија, носејќи ново искуство на тивки и невидливи плаќања. Овој успех доаѓа како логично продолжение на рекордниот раст на Flex Group, групација која преку своите членки е позиционирана како број 1 на македонскиот пазар на финансиски друштва
За менаџментот на компанијата, лиценцата е само почетна точка во реализација на една поширока, глобална амбиција.
„Добивањето на лиценцата е потврда за нашиот професионализам, но за нас вистинскиот успех ќе дојде кога ќе изградиме институција што ќе стане глобален симбол за модерни и финансиски услуги. Сакаме да поставиме нов стандард на пазарот каде довербата и иновацијата одат рака под рака, креирајќи вредност за секој корисник,“ изјави Сашка Костовска-Длака, генерална директорка на Flex Pay.
Flex Pay планира да ја редефинира достапноста на паричните трансфери и трансакции, водејќи се од корпоративното мото: „Платежни услуги за секого!“.
Со ова, Flex Group го заокружува својот екосистем, нудејќи интегрирана платформа која ги опфаќа сите аспекти на личните финансии – од кредитирање и осигурување, до наплата и најсовремени дигитални плаќања.






