Претседателот на СДСМ Венко Филипче на прес конференцијата потенцираше дека во тие општини каде СДСМ нема свои кандидати, партијата нема да навлегува ниту пак досега навлегле во некакви калкулации и заткулисни договори.
Филипче тврди дека СДСМ нема формална соработка ниту разговори со ниту една партија за избор на градоначалник на Скопје каде во вториот круг се кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски и на Левица Амар Мециновиќ.
„Немаме формална соработка ниту разговори со ниту една партија, ниту со ВМРО-ДПМНЕ, ниту со Левица, нашите членови и симпатизери нека одучат врз основа на тоа кој сметаат дека ќе може подобро да го води градот“, рече Филипче, одговорајќи на новинарско прашање.
Нема, како што рече тој, ниту договор за поддршка на кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, иако тој објави заедничка фотографија со кандидатката на СДСМ од првиот изборен круг, Маја Мојсовска Мијовска.
„Не станува збор за никаков договор, разговарав и со Маја ќе се видиме во текот на денов, таа напиша и еден пост, тоа го препишувам на политичко неискуство, нема никаков договор за поддршка на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во општина Карпош, каде и ние се боревме во првиот круг“, рече Филипче.
Во однос на другите општини, наведе, луѓето многу добро знаат кои се кандидатите на кои може да им се верува, кои ќе испорачаат, кои имаат добри релации и тоа ќе биде теркот на СДСМ на денот на гласањето.
На прес-конференцијата Филипче повика на масовна излезеност на изборите и побара максимална поддршка за кандидатите на СДСМ, оценувајќи дека со нивниот избор граѓаните добиваат граданачалници кои ќе работат исклучиво во нивен интерс и ќе одговараат пред нив.
„Во вториот круг бараме поддршка од сите граѓани и гласачи без оглед за кого гласае во првиот клруг. Ги повикувам и сите кандидати и нивните поддржувачи кои не поминаа во вториот круг да се приклучат во оваа борба за поддрпка на овие вредносни политики“, посочи претседателот на СДСМ.
Филипче смета дека треба да продолжи, како што рече, трендот на пад на поддршката на владејачката гарнитура.
„Тоа беше евидентно во првиот круг, ВМРО-ДПМНЕ изгуби над 140 000 гласа за година и половина што еј асен индикатор дека опозициското расположеие расте. Очекувам тоа да се засили по изборите затоа што власта не понуди решение за проблемите на граѓаните“, рече Филипче.






