По повод пуштањето во употреба на батерискиот систем, локацијата ја посетија членовите на Управниот одбор на ЕВН Македонија, управителите на компаниите ќерки, претставници од Општина Пробиштип, еминентни професори од Факултетот за електротехника и информациски технологии, како и претставници на компанијата изведувач Интебако.

„Денес стоиме пред нашето најново достигнување – батериски систем за складирање на енергија поставен на фотоволтаичната централа „Пробиштип“. Станува збор за еден од водечките проекти во областа на обновливите извори на енергија и најголем батериски систем во рамки на целата ЕВН Групација и државата. Наскоро капацитетот на системот ќе биде удвоен на 40 MWh. Опремата за е веќе испорачана и е во фаза на инсталација“, истакна претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Волфганг Маиер.
Батерискиот систем е изведен со современа LiFePO4 (LFP) технологија, со стабилен и долг работен век од околу 10 години, односно 10.000 циклуси на работа. Системот е составен од повеќе батериски и PCS контејнери распоредени на површина од околу 580 квадратни метри. Батериите се произведени од CATL, еден од светските лидери во батериската индустрија, а системот за конверзија на енергија е обезбеден од K Star.

По интензивен процес на подготовка и реализација, проектот официјално е лиценциран на 9 април 2026 година.






