Дејствувајќи како единствен овластен организатор, поголем заемодавател и застапник, Ерсте Групацијата ја организираше и ја структурираше трансакцијата и ги покани локалните банки, вклучително и Шпаркасе Банка Македонија, да бидат меѓу институциите што обезбедуваат финансирање со рок на доспевање од 17 години.
„За Шпаркасе Банка Македонија претставува голема привилегија што заедно со Ерсте Групацијата го развивме овој проект и учествуваме во финансирањето на првиот приватен парк на ветерници во Република Северна Македонија. Верувам дека во иднина ќе има голем број проекти во сферата на зелена и чиста енергија што ќе ги поддржиме“, изјави г. Глигор Бишев, претседател на Управниот одбор и генерален извршен директор на Шпаркасе Банка Македонија.
Инаку, државата има поставена цел за 50% да го подигне својот национален капацитет за обновливи извори на енергија до 2024 година.






