среда, 15 април 2026

Угостителите бараат укинување на одлуката за забранет влез на невакцинирани, потсетуваат дека идат избори

Објавено на

часот

Сподели

„По синоќешниот врисок на граѓаните искажан преку паралелни протести низ цела Македонија, на Владата не ѝ останува ништо друго туку веднаш по кратка постапка да ја укине одлуката со која сакаше да се спроведе експериментален филтер на проверка дали и како системот на селекција на граѓаните може да функционира во време на пандемија на т.н. вакцинирани и невакцинирани, предвиден да се одвива со редарски служби преку угостителите и угостителските објекти од 16 август“, пишува во соопштението од НУК.

Во однос на изјавата на министерот Крешник Бектеши, НУК бара од Владата „наместо да разгледува какви било други можности, разводнувања и дополнувања кон одлуката и мерката со која се забранува влез на невакцинирани во угостителски објекти”, веднаш да сика седница и да го разгледа и усвои нивното барање доставено на 10 август за целосно и  безусловно укинување на одлуката во кратка постапка.

„Ги потсетуваме премиерот и министрите за здравство и економија да не ја забораваат и потценуваат моќта и големината на угостителите и угостителската индустрија и да не забораваат дека од спорната навредлива и неспроведлива одлука директно се засегнати без малку 6.500 угостителски објекти со повеќе од 35.000 угостителски работници кои заедно со своите семејства ја надминуваат бројката од 100.000 гласачи кои на претстојните локални избори ќе треба да го дадат својот глас и доверба од чиј глас оваа Влада моментално го ужива раководењето и бенефитот на своето работење и владеење“, велат од НУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ