среда, 15 април 2026

ТАВ: 4 нови линии на Визер од аеродромите во Скопје и Охрид

Објавено на

часот

Сподели

Виз ер ќе воведе 3 нови дестинации од Меѓународниот аеродром Скопје – Болоња и Торино, двете во Италија, како и Билунд во Данска, додека од аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, авиокомпанијата ќе почне да лета до Фридрихсхафен, Германија. 

Визер веќе почна со продажба на авиобилетите за овие дестинации.

Новите летови до Болоња, Торино, Фридрихсхафен и Билунд се воведуваат благодарение на поставувањето на петтиот авион во базата на Визер во Скопје.

„Пресреќни сме што и покрај моменталната криза во авијацијата и рестрикциите за патување поради ковид-19, Виз ер најавува четири нови авиолинии од аеродромите во Скопје и Охрид и го позиционира за сообраќај петтиот авион во базата на Меѓународниот аеродром Скопје. Се надеваме дека најавените нови дестинации – Болоња, Торино и Билунд од Скопје, како и Фридрихсхафен од Охрид, ќе бидат привлечни за нашите патници, па оттука и дека ќе ја искористат можноста да ги откриваат овие нови градови и да уживаат во незаборавно патничко искуство“, изјави Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија.  

„Среќни сме што најавуваме проширување на нашата мрежа на авиолинии од Северна Македонија до нови дестинации во Италија, Германија и Данска. Со новите услуги од Скопје до Болоња, Торино и до Билунд, како и од Охрид до Фридрихсхафен, Визер нуди уште повеќе различности во однос на дестинациите за Македонците. Секој може да ужива во ниските цени и да патува безбедно до омилената дестинација со цел да открива нови места со нашите модерни воздухоплови. Се радуваме што ќе ги пречекаме првите патници до овие нови возбудливи дестинации“, изјави Паулина Госк, менаџер за корпоративни комуникации на Визер. 

Од 19 август, согласно новите владини мерки, ТАВ Македонија воведе нови правила за влез во терминалните згради на двата аеродрома: приложување на сертификат за вакцинација, или сертификат за прележан ковид-19 во последните 45 дена, или медицинска потврда за негативен ковид-19 тест, ПЦР не постар од 72 часа, или брз антиген тест не постар од 48 часа. Овие правила не се однесуваат на лица под 18 години. 

Визер и натаму е во првите редови во индустријата со применети строги здравствени и хигиенски мерки за заштита на патниците и екипажот. Додека хепа-филтрите на сите авиони на Визер ги филтрираат 99,97% од вирусите и бактерии од воздухот, протоколите на Визер опфаќаат упатства за физичко растојание, обезбедуваат ултра-чиста животна средина и се редуцираат сите несуштински интеракции и физички контакт, така што патниците на Виз ер можат да се бидат сигурни дека безбедно патуваат до нивната дестинација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ