среда, 15 април 2026

Светските модни гиганти ЛПП и Индитекс во Ист гејт мол опфаќаат повеќе од 25% со над 14.500 м2

Објавено на

часот

Сподели

Светски познатиот моден магнат, групацијата Индитекс претставува синоним за квалитетно шопинг искуство, а своето „деби“ на македонскиот пазар ќе го имаат „Zara Home“ и „Oysho“ како дел од разновидното портфолио на Ист гејт мол. Трговскиот центар има 220 продавници, а 40% од нив се нови брендови кои за прв пат влегуваат во Македонија со што го позиционираат Ист гејт мол како водечки центар во кој ќе има нешто ново и поразлично.

Групацијата Индитекс потпиша договор за закуп на малопродажна површина од 8.600 м2 за своите седум брендови како „ZARA“, „ZARA HOME“, „ОYSHO“, „Мassimo Dutti“, „Bershka“, „Pull and Bear“ и „Stradivarius“. Сите трговски марки ќе се претстават со своето целосно продуктно портфолио, а познатиот бренд „ZARA“, ќе се простира на речиси 4,600 м2 со што ја прави најголемата продавница на „ZARA“ во целиот балкански регион.

Уште едно освежување за посетителите претставува и полската модна групација LPP која во Ист гејт мол ќе отвори пет продавници на површина од 6.500 м2 и тоа „RESERVED“, „MOHITO“, „HOUSE“, „CROPP“, „SINSAY“. Секоја од овие продавници ќе понуди разноликост, но и уникатни модни парчиња за сечиј вкус. Групацијата LPP е една од најбрзо растечките модни синџири во источна и централна Европа, а со своите интересни и невообичаени концепти во Ист гејт мол ги носи светските трендови од модниот сегмент за жени, мажи и деца.

Модниот сегмент во Ист гејт мол ќе се простира на повеќе од 50%, со што го позиционира трговскиот центар како омилена дестинација за оние кои што сакаат поинакво шопинг искуство.

Комерцијален текст

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ