среда, 15 април 2026

Средба за работните процеси кои не можат да се прекинат и неделите како неработен ден

Објавено на

часот

Сподели

На средбата учествуваа и претставници од организациската целина за претставување на членките и вмрежување при Стопанската комора и претставници на Министерството за труд и социјална политика и на кабинетот на потпретседателот за економски прашања на македонската влада.

На средбата се разговараше за олеснување на подготовката на подзаконскиот акт произлезен од измените на Законот за работни односи во делот на воведување на денот недела како неработен ден, а со кој би се дефинирале дејностите и работите кои не би можеле да  бидат прекинати заради непречено обавување на дејноста на компаниите.

Се разговараше за потребите и процесите на компаниите од Асоцијацијата, но и другите компании, членки на Комората, кои не смеат да го нарушат континуитетот на технолошкиот процес во целост, а кои се дефинирани како помошни или поддржувачки процеси. Истите треба да бидат вклучени во подзаконскиот акт кој би произлегол од измените на законот, а кој треба да има апликативна примена од 1 октомври.

Беше донесен заклучок, што е можно попрецизно да се определат сите помошни и придружни дејности, односно работи во рамките на главната дејност, со цел одржување на континуитет во работењето. Овие предлози, дадени од Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство и Советот на странски инвестиции, но и од сите индустриски гранки, генерално, претставени преку Стопанската комора, ќе бидат доставени до крајот на месецов до Министерството за труд и социјална политика, како и до кабинетот за економски прашања при Владата.

На средбата на претставниците од надлежните институции им беше  пренесено очекувањето предлог подзаконскиот акт да биде доставен на разгледување до сите засегнати субјекти до средина на месец август, а за да има доволно време до неговата целосната имплементација за доработка или до прецизирање кое би било во насока на негова ефикасна употреба и разбирање, од страна на сите инволвирани страни, соопшти Стопанската комора.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ