среда, 15 април 2026

Сочувство од Азески по повод смртта на претседателот на Унијата на стопанските комори на Грција

Објавено на

часот

Сподели

Двајцата претседатели на коморите, Бранко Азески и Константин Микалос имаа долгогодишна  одлична соработка на полето на бизнис заедницата. На 17 јуни годинава, од страна на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и претседателот на Унијата на грчки комори и на Атинската комора за трговија и индустрии, Константинос Михалос, беше потпишан  Меморандум за соработка, со што се верификуваше досегашната долгогодишна соработка што ја имаат двете најголеми бизнис асоцијации од двете земји и беше најава за креирање агенда за отворање нови перспективи во насока на зголемување на трговската размена, зголемување на инвестициите, како и подобрување на условите за работа на бизнис заедниците од двете земји. На свечениот чин Азески, посочи дека е чест да се соработува со Микалос кој е претседател на најголемата деловна заедница од Грција, што ќе поттикне уште повеќе да се отвораат можности за македонските бизнисмени да бидат активни во Грција, но и зедничка соработка на бизнис асоцијациите и компаниите од двете земји на проекти и настани.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ