среда, 15 април 2026

Паритете Владата ги потрошила за ковид – кризата, 6,5 години нема придонеси за работниците од „Еурокомпозит“

Објавено на

часот

Сподели

На последната средба со вицепремиерот Битиќи им било речено дека годинава во Буџетот нема пари за таа намена, но дека тој ќе се залага да влезат во буџетот за идната година.

„Добивме само ново ветување, не знаеме дали ќе биде реализирано. Иако за исплатата Собранието има донесено закон и има одлука од април на Владата. Битиќи ни рече дека сега нема пари поради ковид ситуацијата и трошоците, но дека ќе се залагал да влеземе во буџетот за наредната, 2022 година. Тоа ќе се знае за околу 15 ноември. Ние имаме побарувања за придонесите за 6,5 години. А ниту во фабриката не е подобро, таму нема ниту чуварска ниту полициска служба“, вели Цветан Бунтески, член на Иницијативниот одбор на поранешните вработени во „Еурокомпози”.

Според Пеце Велјаноски, загубиле верба дека нешто ќе се реши со „Еурокомпозит”

„Имаме нова најава и ново ветување. Не може да си ги добиеме парите за придонесите, поради што сега имаме пензија од околу 11 000 денари, а со нив би имале околу 13 000 денари. Битиќи рече дека е тоа жалосно, но вели дека ќе се настојува да се реши. Нема ништо ниту за фабриката. Порано се споменуваа можни инвеститори, сега ништо. Не знаеме што да правиме“, изјави Велјаноски.

Прилепската наменска фарика „Еурокомпозит” повеќе од една година не работи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ